На првата ендуро трка од годинашниот шампион на Македонија, што викендов се возеше кај езерото Младост во Велес во Е-1 класата победи Драган Ванов од МК Мото Велес. Второто место му припадна на Мартин Караколев од Ендуро Тим Водно од Скопје, додека трет заврши Драган Зафировски од Мото Велес.
Во Е-2 класата првопласиран заврши Али Керим од МК Хиенад Ендуро од Тетово, а втор во истата класа е неговиот клупски колега Егзон Металиу. Во Е-3 класата победник е Самет Имери од МК Мото Велес, втор Рами Салихи од МК Хиенад Ендуро, а трет Виктор Ефремов од МК Мото Велес.
Победник во Е-Ј јуниор класата беше Давид Крстевски од МК Мото Велес.
Втората ендуро трка од државниот шампионат ќе се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.