МАКРОН ДРАМАТИЧЕН: „Мора да се подготвиме за она што доаѓа по конфликтот во Украина и како да се заштитиме“

Тој даде интервју за влијателната француска ТВ станица TF1.

Идната европска безбедносна архитектура мора да вклучува и безбедносни гаранции за Русија , рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Мора да размислуваме за безбедносната архитектура во која ќе живееме утре. Посебно ве потсетувам на предупредувачките зборови што ги испрати претседателот Владимир Путин дека НАТО се приближува до границите на Русија и распоредува оружје што може да и се закани на Русија – рече Макрон.

МАКРОН ДРАМАТИЧЕН: „Мора да се подготвиме за она што доаѓа по конфликтот во Украина и како да се заштитиме“

Францускиот претседател потврди дека ова прашање ќе биде дел од мировните преговори.

– Мора да се подготвиме за она што ќе следи по конфликтот во Украина и мора да размислуваме како да ги заштитиме нашите сојузници, а во исто време да обезбедиме безбедносни гаранции за Русија – изјави францускиот лидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.