ДРАМА! ЗА ДВА ДЕНА ОТКРИЕНА ТРЕТА БОМБА ВО ШПАНИЈА: Сомнително писмо е испратено и до премиерот САНЧЕЗ, соопшти Министерството.

Министерството за внатрешни работи на Шпанија во четвртокот го информираше националниот суд за приемот на плико со карактеристики слични на оние откриени во последните неколку часа на 24 ноември.

Пратката содржела „пиротехнички материјал“ и била адресирана до шпанскиот премиер Педро Санчез, соопшти Министерството, пренесува Ел Паис.

ДРАМА! ЗА ДВА ДЕНА ОТКРИЕНА ТРЕТА БОМБА ВО ШПАНИЈА: Сомнително писмо е испратено и до премиерот САНЧЕЗ, соопшти Министерството.

Ковертот, кој „содржел пиротехнички материјал“ и бил адресиран до Санчез, пристигнал на 24 ноември и „безбедносните служби го откриле и неутрализирале“, се додава во соопштението.

Имено, шпанските безбедносни сили пронајдоа трета сомнителна експлозивна направа скриена во пликот на писмо испратено до сателитскиот центар на Европската унија лоциран во воздухопловната база во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид, соопшти денеска шпанското Министерство за одбрана.

По скенирањето на пликот, утврдено е дека во него има експлозивна направа.

Полицијата соопшти дека сè уште го истражува просторот на воздушната база. Сателитскиот центар ја поддржува заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ со собирање сателитски информации, потсетува Ројтерс.

Да потсетиме, вчера беа испратени две писма-бомби, едната на адреса на украинската амбасада во Мадрид, а другата на производителот на оружје, Инсталас во Сарагоса, на североистокот на Шпанија, соопшти полицијата.

Едниот бил испратен во украинската амбасада во Мадрид, а другиот во компанија која произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција.

Првата бомба, да потсетиме, експлодирала и нанела полесни повреди на вработен во амбасадата, кој веднаш бил пренесен во болница.

Полицијата истражува поврзаност меѓу бомбите

Доцна синоќа полицијата потврди дека истражува можна поврзаност помеѓу две писма-бомби испратени до амбасадорот на Украина во Мадрид и шпанска компанија за оружје која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика сите украински амбасади во странство итно да ги зајакнат безбедносните мерки. Високиот шпански суд отвори истрага за нападот на украинската амбасада како можен случај на тероризам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.