Драстично поскапување на бензинот и дизелот, одлучи Регулаторна

Регулаторната Комисија за енергетика, две седмици по последната одлука, ги зголемува рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија од 01.04.2019 година.
Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,93%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година. Тоа значи дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 од денес изнесува 71,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 73,00 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51,00 ден/лит, а на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.