четврток, 12 ноември 2026
Најново

Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен.

Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.

За сите активности што следуваат, Државниот завод за статистика навремено ќе ја информира јавноста.

Поврзани вести