Државниот завод за статистика објави дека цените за една година се зголемиле за неверојатни 21.4 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.

Во април 2022, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април 2022, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.