Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во врска со заканувачките пораки добиени по електронска пошта од белградскиот аеродром, амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот центар за безбедност, изјави, дека МВР на Србија добило официјална информација дека се работи за Денис Красниќи од Швајцарија, чии родители се од Косово.
„Во врска со заканувачките пораки добиени по електронска пошта од аеродромот во Белград, нашите амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот центар за безбедносна политика, Министерството за внатрешни работи доби официјална информација од Германија и Швајцарија дека станува збор за Денис Красниќи (26), од Швајцарија, чии родители се од Косово.
Лицето моментално се наоѓа на Косово и издадена е наредба по враќањето во Швајцарија веднаш да се пријави во полиција, изјави министерот Ивица Дачиќ.