Држите диета, вежбате, а никако да изгубите тежина? Нутриционистите често ја слушаат оваа реченица од своите клиенти
Кога ќе ја смениме исхраната, очекуваме да видиме промени за една недела – дека вагите ќе покажат барем килограм или два помалку и дека облеката ќе ни стане поудобна. Но, ако тоа не се случи, ние брзо ја губиме мотивацијата. Да изгубите килограми не е лесно затоа што е многу полесно да внесувате калории отколку да ги трошите.
И покрај фактот дека диетата ја почнувате со многу ентузијазам, кога бројот на вагата тврдоглаво стои на истиот број, се прашувате каде грешите.
Не јадете доволно
Ако не внесете доволно калории, колку што е потребно за одржување на нормалните метаболички функции, телото почнува да протестира. Стравот од дефицит на калории иницира забавување на метаболизмот и складирање на енергија, особено во половината, надлактиците и бутовите. Ова им се случува почесто на жените, на кои им е биолошки предодредено да имаат залихи за да можат да имаат потомство.
Сигурни знаци дека не внесувате доволно калории се постојан замор, како и чести настинки и воспаленија.
Земате калории од погрешни извори
Честопати заборавате дека не сите калории се исти. Една студија објавена во 2011 година следи две групи на луѓе кои консумираат ист број калории, но од различни извори. Групата што земала калории од нездрави извори добила поголема тежина или не успеала да изгуби тежина од групата чија исхрана била здрава.
На пример, 500 калории од слатки кои се состојат од заситени масти и шеќер не се исти со 500 калории од риба и зеленчук. Заситените масти и шеќерот доведуваат до најбрзо гоење, особено ако не сте физички активни. Затоа е најдобро да ја базирате вашата исхрана на протеини со малку маснотии, свежо овошје и зеленчук и добри маснотии од ореви.
Правите исти вежби секој ден
Со диета, многумина одлучуваат да одат на тренинг. Но, телото се прилагодува, па ако ги повторувате истите вежби секој ден, посакуваните резултати ќе изостанат. Препораката е да се комбинираат вежбите.
Јадете повеќе затоа што вежбате
Оваа стапица е карактеристична и за жените, особено ако биле физички неактивни пред воведувањето на диетата. Кога одат на тренинзи, убедени се дека парче пица нема да им ја наруши линијата и таму прават голема грешка.
Не спиете доволно и не пиете доволно вода
Здравата исхрана и вежбањето се една работа на вагата, но квалитетно спиење и пиење повеќе обична вода се подеднакво важни. Имено, дехидрацијата го забавува метаболизмот, а покрај тоа, многумина не прават разлика помеѓу глад и жед. Кога чувствувате глад, најпрво испијте чаша вода – веројатно ќе сфатите дека не сте биле навистина гладни, туку само сте биле жедни.
Од друга страна, ако не спиете барем седум часа на ден, ризикувате почесто да чувствувате желба за слатки и солена храна. Една студија објавена во 2013 година покажа дека мозокот реагира различно на храната кога спиете и кога на вашето тело не му дадовте доволно квалитетен сон.