Дробњак: 2030 година е реална цел за членство на Северна Македонија во ЕУ

2030 година е остварлива цел за ново проширување на Европската унија, а со тоа и за членство на Македонија, доколку земјата продолжи да ги спроведува реформите и ја следи Реформската агенда 2024-2027 година.Ова е ставот на поранешниот главен преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, кој нагласува дека резултатите се одлучувачки.На седницата на Националниот совет за евроинтеграции сите учесници се согласија дека за успех е неопходен политички консензус. Претседавачот на Советот Венко Филипче истакна дека е време за заедничка и посветена работа и покрај предизвиците.Антонио Милошоски од Комисијата за европски прашања истакна дека реформите мора да имаат поддршка и од опозицијата, додека министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја истакна клучната улога на Собранието.Претставниците на ЕУ и Швајцарија потсетија дека овие реформи долго време се дел од стратешките документи на земјата и повикаа на конкретни активности.Заклучоците се дека Македонија не заостанува поради реформите, туку поради политички и идентитетски прашања.Сепак, ЕУ останува отворена и посветена на проширувањето и шансата за членство е реална, но потребна е мобилизација на сите капацитети.

Пронајдете не на следниве мрежи: