Во 2019 година, тројца другари решиле заедно да купат напуштено средно училиште во Пенсилванија за само 100.000 долари, кое потоа го претворија во станбен комплекс со 31 станови.
Џеси Виг, Адам Колучи и Ден Спанович се нафатиле на овој необичен проект, верувајќи дека можат да направат нешто ново од навидум стара и неупотреблива градба.
„Запознаен сум со училиштето и да бидам многу искрен, не бев сигурен што ќе биде најлогично да се прави со зградата, но за цената морав да го добијам и се надевав дека ќе најдеме добра опција во иднина“, изјави Џеси Виг, кој е и агент за недвижнини.
Три години подоцна, зградата доби нов изглед и има 27 еднособни и четири двособни станови, кои се издаваат за 1.650 долари месечно. Овие модерно изградени апартмани имаат вградена машина за сушење и машина за перење.
Зградата беше напуштена со години и беше потребно време да се изработи планот. Она што некогаш беа училници сега се претворени во станови, а она што беше училишен хол е претворено во заедничка дневна соба. На приземјето е голема спортска сала, која вклучува и половина кошаркарско игралиште и теретана со тегови и велосипеди.
Шест месеци откако станбената зграда беше пуштена во употреба, беше целосно изнајмена. Сите добивки и расходи се поделени помеѓу сите тројца партнери. Идејата не застана само на едно напуштено училиште. Откако го препознаа успехот на нивната прва инвестиција, тие купија и друго напуштено училиште во близина во август 2020 година.