Дуа Липа во чипка од глава до пети: Припиен проѕирен комбинезон кој ѝ ги истакна облините

Британската пејачка Дуа Липа моментално е на турнејата „Radical Optimism“, а низата настапи во Австралија и Нов Зеланд ги одбележаа нејзините модни изданија, почнувајќи од она во кое е покриена со тантела од глава до пети.
Станува збор за црн тантела комбинезон со проѕирни детали што пејачката го носеше на сите нејзини претходни настапи на турнејата. Таа во петокот вечерта го одржа својот последен настап во Оукленд и за таа прилика уште еднаш ја покажа својата фит фигура.

Имено, менувајќи ги комбинациите од сатенски корсет и мрежести ромпери во црн мини фустан, најмногу внимание украде проѕирниот комбинезон од тантела.
Смелото парче облека ги следеше нејзините облини, а таа го спои со марама од вештачко крзно што ја закачи преку едното рамо. Косата ја обликуваше во светли бранови, а на комбинезонот додаде и црн појас под кој се гледаше долната облека.

Покрај тоа, на нозете имала црни чизми со високи потпетици кои допирале до нејзините колена.
“И тоа е крајот на првиот дел од турнејата “Radical Optimism”. По 3 недели, 10 неверојатни, незаборавни ноќи. Го сакав секој момент со вас. Ви благодарам за љубовта и енергијата! Каков начин да ја започнеме нашата година со настапи ширум светот”, рече Дуа Липа во последната објава на Инстаграм.
По настапите во Австралија и Нов Зеланд, пејачката ја чека европскиот дел од споменатата турнеја, која започнува со концерт во Мадрид во мај.

Пронајдете не на следниве мрежи: