четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДУИ: И другите партии да направат ветинг во своите редови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Демократската унија за интеграција ја собра својата структура во Речица, Тетово, каде што разговарале за реформите и ветингот што започна во партијата. ДУИ ги повикува и другите партии да го сторат истото.

-Ги повикуваме сите други политички партии да го следат примерот на ДУИ, ние бевме иницијатори на сеопфатен процес на Ветинг на политичката сцена во Република Македонија. Знаете дека пред два мандата го предложивме Законот за Ветинг кој ги вклучува сите политичари кои мора да бидат предмет на Ветинг, но и судиите, обвинителите, побаравме целосен Ветинг за сите политички партии, изјави Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во неколку настапи побара да се отвори истрага за сите партии и функционери за приватизацијата од 1992 до 2000 година. Тој обвинува дека многу луѓе се збогатиле на сметка на граѓаните.

Поврзани вести