На синоќешната седница во партиското седиште во Мала Речица членовите на Централното претседателство на ДУИ едногласно донеле одлука на претстојните претседателски избори партијата да оди со свој кандидат.
Ова била првата точка на синоќешната седница на Претседателството, а како дополнение на оваа своја одлука ова партиско тело на ДУИ донело одлука да го овласти нивниот претседател, Али Ахмети да разговара и со политичките партии на Албанците, но и со другите политички партии од другите етнички заедници за заеднички кандидат доколку се создадат услови за тоа, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Дали консензуалниот претседател беше само шпекулација или нешто се случува во коалицијата на власт останува да видиме. А, од друга страна пак, во игра останува и опцијата по разговорите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети доколку не се договори со партиите на Албанците сепак да се постигне договор со СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.