четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори, најави Бујар Османи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ), соопшти дека партијата донела одлука следните парламентарни избори да се одржат со отворени листи. Со ова, граѓаните ќе имаат можност не само да изберат партија, туку и конкретни кандидати што ќе ги претставуваат во Собранието.

„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува. Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието“, напиша Османи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оваа одлука ја најавува ДУИ како чекор кон поголема демократија и транспарентност во изборниот процес.

Поврзани вести