четврток, 12 ноември 2026
Најново

МАКРОН: Дури и ако ѝ испратиме авиони на Украина, тоа нема да биде во наредните недели

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека дури и ако европските сојузници на Украина одлучат да ѝ испратат борбени авиони во Киев, тие нема да бидат испратени во „наредните недели“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Не исклучувам ништо… но тоа не одговара на денешните барања“, рече Макрон по самитот на ЕУ во Брисел на кој присуствуваше и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Велика Британија понуди да ги обучи украинските пилоти на западни авиони, додека Полска и Словачка размислуваат да испратат повеќе ловци Миг-29, кои Киев веќе ги користи.

Но, сојузниците на Украина се нервозни дека распоредувањето напредни западни борбени авиони би предизвикало дополнителна ескалација од страна на Москва и ризик од отворен конфликт меѓу НАТО и Русија, јавија француските медиуми.

Макрон и другите лидери на ЕУ во Брисел го поздравија Зеленски како херој и ветија дека ќе стојат покрај Украина до победата – но тие беа внимателни за неговото барање за борбени авиони.

Поврзани вести