Дури и најсилната личност се изморува од тоа што мора да биде силна и ѝ треба одмор…

Понекогаш, силните луѓе не сакаат да бидат херои. Тие само сакаат некој да дојде да ги спаси и да биде тука за нив. И тие се кршливи како сите останати. И тие сакаат да се откажат. И тие имаат свои „демони“ со кои се мачат.
Им треба некој на кого може да се потпрат, кој може да го наречат лојален човек, некој што ќе им биде пријател или партнер, некој кој ќе ги научи на сите прекрасни работи кои ги нуди животот, некој кој ќе ги држи за рака и ќе ги турка да продолжат понатаму, бидејќи се одлични во тоа што го прават.
Бидејќи некогаш… дури и најсилната личност може да се скрши. И овие луѓе имаат граници. И тоа најчесто се случува кога веќе е изморена да го држи својот и товарот на сите во своите дланки. Изморена е од сите и од сѐ.
Кога предолго време е силна и заборава на себеси. Кога не може да се извлече од кревет бидејќи нејзиното тело, срце и душа тежат. Кога сѐ што изградила се руши и распаѓа, а нема никој околу себе да ѝ помогне.


Дури и најсилната личност има потреба од одмор. Ѝ треба некој друг да биде главен и да преземе контрола.
Потребно ѝ е да го намали темпото и да ги наполни батериите. Во спротивно, ќе прегори и ќе си наштети. Потребно ѝ е да биде ранлива за промена и да дозволи некој друг да направи нешто за неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.