Душко Тошиќ открива што се крие зад преписките со Северина: Вистината е поинаква од она како што изгледа (фото)

Душко Тошиќ сака да стави крај на шпекулациите за неговата врска со Северин.Популарниот спортист во ексклузивна изјава за српскиот портал Курир вели дека контактирал со пејачката од Хрватска за да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.Според него, блиски пријатели и сугерирале дека најдобро би било да ја ангажираат Северина да пее на нивната забава.– Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да ја прославам, а моите пријатели ми предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – учтиво изјави Тошиќ.Да потсетиме, приватната преписка меѓу Севрина и Душко ја објави неговата сопруга на Фејсбук . Војната меѓу двајцата започна откако Јелена Карлеуша јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево. Српската снаа вчера преку Инстаграм и’ се обратила со шокантна порака, за да ја испрати својата преписка со познатиот спортист, која Карлеуша потоа ја објавила на своите социјални мрежи.Инаку, Душко утрово на социјалните мрежи објави видео од јахта закотвена на Босфорот, а дали таа е негова, останува да видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи: