Не учествувам во наметнати дебати.
Не земам учество во дискусија за мојот идентитет како Македонец.
Тоа е решено прашање. Ни Грк, ни Бугарин, ниту било кој може со мене да ја отвори таа дебата. Нема таква дебата.
Исто, не дебатирам што е маж, што е жена. Биологијата се изјаснила на таа тема, барем во 99% од случаите, уште на самото раѓање.
Друг може како сака да ги разбира овие теми, негово право. Јас никого не убедувам во ништо, молам истиот аршин и кон мене.
Ние сме измалтретиран народ.
Натеран да докажува нешто што никој друг на планетава не морал да го докажува.
Но, тоа само нѐ прави ПОСИЛНИ.
И доста веќе со наметнати дебати.
Имаме далеку ПОПАМЕТНИ работи за дискутирање…