Д-р Пановски: За две недели учениците ќе продолжат со онлајн настава

Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.
Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.
-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: