Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) е подготвена да вложи до 38 милиони евра во француската земјоделско индустриска групација Axereal за да го поддржи нејзиното ширење на дејноста со житото во југоисточна Европа.ЕБРД планира да одобри заем за Axereal во износ од 28 милиони евра за зголемување на обртниот капитал неопходен во Србија, Романија, Хрватска и Унгарија. Дополнителните десет милиони евра ЕБРД ќе ги вложи во купување акции, а француската групација ќе ги искористи тие пари за купување на житни силоси во споменатите земји.Исто така, ќе биде понудено дополнително финансирање на земјоделците за квалитетни семиња и ѓубрива, се наведува во соопштението на ЕБРД објавено на интернет страницата на банката.Целта на овој проект е да се зголемат капацитетите во силоси и олеснување пристап до финансирањето за земјоделците. Трошоците на севкупниот проект се проценети на 102 милиона евра. Проектот минал низ заклучното проверување а бордот на ЕБРД ќе го разгледува на 26-ти март.Групацијата Axereal е водечкиот откупувач на пченица во Франција и третиот најголем производител на слад во Европа. Групацијата е присутна во средна, источна и југоистична Европа од 2011 година, и сака да го прошири своето делување во дунавскиот регион.
МакфаксЕвропската банка за обнова и развој (ЕБРД) е подготвена да вложи до 38 милиони евра во француската земјоделско и