Евакуација на божиќен пазар во Дизелдорф

Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник „Билд“.

Весникот наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе помине со камион низ пазарот.
Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар Александарплац поради телефонски закани.

Евакуација на божиќен пазар во Дизелдорф

Берлинер цајтунг потоа објави дека непознато лице и се заканувало на полицијата дека ќе ги прегази посетителите со својот автомобил.
Дванаесет лица загинаа, а 50 беа повредени во терористички напад со камион на божиќниот пазар во Берлин на 19 декември 2016 година, за кој одговорноста ја презеде ИД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.