Еве зошто е добро да се будите секој ден во исто време

Експертите за спиење советуваат да станувате во исто време секое утро без оглед кога си легнувате и дали работите или не. Тоа е одлично за менталното и физичкото здравје, како и за квалитетот на живеење, пишува mindbodygreen.

Доколку во текот на целата се будите рано поради работата, будете се во истото време и во текот на викендите, ќе се чувствувате многу подобро, поенергично и позадоволно отколку да спиете подолго.

Еве зошто е корисно да правите така:

1. Луѓето кои се будат во исто време се посреќни
Времето во кое секое утро се будите е подеднакво важно како и времето кога си легнувате, покажа истражување спроведено на повеќе од 1.000 луѓе.


Луѓето со строга навика за будење во исто време се позадоволни во сите аспекти од животот за разлика од луѓето кои некогаш се будат порано, а понекогаш подоцна.
Истражувањето покажало дека луѓето со навика за будење во исто време биле 13% посреќни со личниот живот, 45% позадоволни од финансиската ситуација и 42% поисполнети од нивната работа.

2. Оваа навика е добра за физичкото и психичкото здравје
Неправилниот распоред на спиење и будење може да му наштети на организмот со намалување на количината на добриот холестерол, зголемување на телесната маснотија како и од ризик за дијабетес и болести на срцето, покажало истражувањето.
Не е здраво ни за менталното здравје, присетете се колку пати едвај сте чекале да дојде викенд за да се наспиете за потоа во текот на денот да се чувствувате како да ве прегазил воз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.