Секое утро денот започнете го со ова овошје кое ќе ви го промени здравствениот статус.
Забрзаниот начин на живот, јадење оброци надвор од домот кои неретко се сведуваат на брза храна, конзервирани намирници, внесување на трансмасти и вештачки шеќери, а тие предизвикуваат вишок килограми, лош холестерол, киселост на организмот, лошо варење на храната, анксиозност.
Но, природата ни овозможила разни плодови преку цела година, а ние треба само да ги внесуваме за да бидеме здрави.
Покрај бананата, кајсиите, јаболката, црешите, моќно антиоксидантно дејство имаат и урмите кои може да ги најдете во текот на цела година во супермаркетите, а консумирењето на ова овошје е вистинска витаминска бомба за цел организам.
Урмите се идеален извор на железо, содржат лутеин кој ги штити мускулите, очите, ја запираат дијарејата и ја обновуваат флората во цревата, го ублажуваат крвавењето по породување, спречуваат појава и раст на тумор, го намалуваат холестеролот, помагаат во слабеењето, штитат од мозочен удар, а неретко ги нарекуваат и храна за мозокот поради тоа што содржат фосфор, но и флуор.
Природните шеќери ќе ви дадат енергија, а урмите се користат и како афродизијак при намалена потенција.
Појадокот започнете го со овесна каша, со додаток на неколку урми и млеко. По неколку дена вие ќе се чувствувате поенергично.