Познатата водителка Лила Филиповска на снимањето на „Сé или нешто“ се појави во провокативно црно издание во кое блескаше, а претставниците на посилниот пoл едноставно не знаеја каде попрво да погледнат.
Таа за оваа пригода носеше мал црн фустан со долги ракави и тесно здолниште со интересен детаљ, но бидејќи материјалот во горниот дел беше толку тенок водителката го покажа и гpaдникот што го носеше.
Имено, транспарентниот дел го украде шоуто и беше јасно што Лила носи под фустанот, но очигледно тоа не и пречеше.
Таа едноставно блескаше во ова свое издание кое го заокружи со сребрени сандали и големи, стејтмент обетки.
Покрај оваа комбинација, таа покажа уште неколку други изданија во кои ќе ја гледаме во нејзиното шоу.
Како што самата вели, „Сé или нешто“ е проект на нејзиниот живот во кој има вложено многу љубов, труд и работа.