Популарноста на лимонот се должи на неговиот освежувачки вкус и мирис што воедно го прават и чест избор за ароматизирање на разни простории и парфеми.
Лимонот исто така се користи и во многу видови пијалаци, од чаеви и коктели до сокови.
Богат извор е на витамин Ц, А, бетакаротен, фолат, калциум и калиум и има многу здравствени придобивки, од антибактериски и антивирусни до способности за јакнење на имунитетот.
15 причини зошто наутро е добро да пиете топла лимонада:
1. Богат извор на витамин Ц, а го подобрува и имунитетот.
2. Помага во одржување на pH рамнотежата во телото.
3. Со своите моќни антибактериски својства помага во борбата против инфекциите.
4. Делува како средство за детоксикација.
5. Помага во одржување на дигестивното здравје.
6. Покрај витамин Ц, лимонот е богат извор на калиум, калциум, фосфор, магнезиум итн.
7. Помага при борбата со настинки.
8. Лимонот е популарен лек за многу видови на кожни болести, од акни, осип и брчки до темни дамки.
9. Лимоновиот сок со топла вода помага во брзото губење на килограмите затоа што го забрзува варењето на храната и метаболизмот.
10. Многу ефикасен е за чистење на црниот дроб затоа што го поттикнува да ги исфрли токсините.
11. Неговите антифламаторни својства помагаат во борбата против инфекции на респираторниот тракт, воспаление на грлото и воспаление на крајниците.
12. Помага да го одржи телото хидрирано затоа што на телото му обезбедува електролити.
13. Помага при намалување на болките во зглобовите и мускулите.
14. Лимоновиот сок е добар и за здравјето на забите затоа што помага при заболување и спречува гингивитис.
15. Помага при варењето на храната, а со тоа се регулира и цревната флора.