Секој експерт за покер ја знае моќта на „говорот на телото“ – мали постапки кои откриваат дали некој играч се обидува да го измами противникот.
Ново истражување сугерира дека еден од најдобрите начини да се утврди дали некој ве лаже е многу едноставен – само обрнете внимание дали ве имитира. Ако тој ве имитира, големи се шансите да станете жртва на измама.
Холандските истражувачи од Универзитетот Еразмо во Ротердам користеле снимки на движења на тело за да го следат однесувањето на луѓето кои не ја кажуваат вистината.
– Можеме да го имитираме однесувањето на другите потполно несвесно, но поголема е веројатноста автоматски да ги имитираме ако мозокот работи напорно за да добиеме некоја корист – објасниле истражувачите – Бидејќи на мозокот му е потешко да биде неискрен отколку да ја каже вистината, ние обично го имитираме однесувањето на другите кога сакаме да ги излажеме.
Во студијата, во која биле вклучени истражувачи од Велика Британија и Холандија, волонтерите биле следени додека ја зборуват вистината и додека кажуват прогресивни лаги – од безопасни до големи.
Во првиот експеримент, истражувачите испитале како луѓето се однесуваат кога ја кажуваат вистината и како кога лажат.
Во вториот експеримент, на соговорниците им било наложено да обрнат внимание на невербалните пораки што им ги испраќаат измамниците.
Резултатите од двата експерименти покажале дека невербалната координација, односно имитацијата на говорот на телото, се зголемува, бидејќи испитаниците требало да лажат повеќе.
– Луѓето се потпираат на автоматизирани процеси како што се изрази на лицето кога се под когнитивно оптоварување – заклучиле истражувачите.