Еве како мажите ја замислуваат идеалната жена

Изгледа дека кога ќе му кажете на маж да ја опише жената со која најмногу би сакал да се венча, секогаш опишува млада девојка од 20-те години.
Без разлика дали станува збор за постари или помлади мажи, припадниците на посилниот пол секогаш бираат жена помеѓу 20 и 30 години. Овие тврдења ги докажало и најновото истражување.
Жените се многу поумерени кога се годините во прашање. Тие обично сакаат мажи кои се нивни врсници или малку повозрасни.


Студијата е спроведена на 12.500 мажи, и „магичниот“ број за женските години за сите нив е помеѓу 24 и 25 години, без оглед на годините на мажот. Според мислењето на мажите, жените во тие години се најдобри за потомство.
Од друга страна, на жените најпривлечни им се партнери на нивна возраст или малку постари, а ова го објаснува фактот дека постарите мажи на жените им влеваат поголема сигурност, отколку младите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.