„ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА“ Мегапроект на НАТО: На Балканот се гради најголемата воена база во Европа, ќе чини милијарди долари!

НАТО одлучи значително да го зголеми своето присуство во Источна Европа откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 22 февруари.Во Романија започна изградбата на најголемата база на НАТО во Европа, пренесува Euronews.Станува збор за мегапроект вреден дури 2,5 милијарди долари, а големата база ќе се простира на дури 2.800 хектари. Според Euronews, ова всушност ќе биде проширување на постоечката база на воздухопловните сили на Романија, Михаил Когалничеану.За трупите и воената опрема на НАТО да имаат апсолутно се што им е потребно, ќе се прошират и изградат нови писти, хангари за авиони и хеликоптери, голем број магацини за оружје, гориво и сета можна опрема, а ќе се изградат и нови училишта за потребите на самите војници и нивните семејства, градинки, продавници и болница.
#Romania has started building the largest #NATO military base in #Europe, which will be able to accommodate 10,000 military personnel. The facility is being built on the basis of the existing airbase in #Constanta. The cost of construction is estimated at 2.5 billion euros. pic.twitter.com/8j8e3bR6x2— NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2024
НАТО одлучи значително да го зголеми своето присуство во Источна Европа откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 22 февруари. Покрај тоа, две нови европски членки – Шведска и Финска – се приклучија на алијансата во изминатите две години.Така, една од декларираните цели на Москва и претседателот Путин – да го турнат НАТО што подалеку од руските граници – всушност не успеа. Имено, Романија е сосед на Украина и Молдавија (во која одметничката покраина Придњестровје сака да се приклучи на Русија), додека Финска ја дели границата со Русија од дури 1.300 километри – пред тоа, вкупната граница на Русија со членките на НАТО беше – 125 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: