Лимонот е оптимален извор на витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген и ја помага апсорбцијата на железо од храната.
Доволниот внес на витамин Ц спречува создавање на камен во жолчката, а ефикасно се бори против настинките и поттикнува регенерација на коските.
Лимонската киселина е присутна во лимоновиот сок. Таа не ја намалува pH вредноста, туку ја зголемува (алкализира). Зголемувајќи ја pH вредноста на урината, лимонската киселина помага во растворање на каменчињата во бубрезите и помага во отстранување на амонијакот од телото – производ на метаболизам на протеини.
Д-лимоненот е присутен во кората, а е заслужен за намалување на воспаленијата и нормализирање на шеќерот во крвта. Д-лимоненот е користен за респираторните патологии, па затоа е неопходен за лицата со оштетени бели дробови (по прележано воспаление на белите дробови или астматичари) како и за пушачите. Ериоцитрин е антиоксиданс кој се наоѓа во лимоновиот сок и кората. Тој во комбинација со други активни супстанци покажал ефект на намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизација на нивото на шеќер во крвта.
Хесперидинот кој го содржи лимонот го намалува оксидативниот стрес и го нормализира васкуларното здравје. Тој ја намалува веројатноста за појава на макуларна дегенерација (дегенерација на центарот за јасен вид кај постари лица), а ваквата супстанца го намалува и ефектот на галактозата, шеќер сличен на глукоза кој се наоѓа во млечните производи.
Диосминот во лимонот ја подобрува еластичноста на крвните садови, а нобелетинот кој е присутен во кората ја намалува шансата за појава на болести поврзани со стареењето и годините.
Еве на кои лица особено им се препорачува консумирање на лимон:
– пушачи
– лица кои се на диета
– сите кои имаат респираторни проблеми
– лица кои патат од дијабетес
– лица кои патат од гихт
– лица со бавен метаболизам
– за љубители на слатките и млечните производи
– лица кои страдаат од варикозни вени
– лица постари од 60 години
Кората е исто така здрава, па затоа многу лекари препорачуваат лимонот да се јаде заедно со кората. Но, пред консумирање на овој начин, одберете органски, непрскани плодови и добро измијте ги со сода бикарбона.