Еве што бараат жените кај мажите коишто немаат “дебел паричник“

Иако често се зборува дека жените се во потрага на партнер којшто ќе биде финансиски стабилен, ова тврдење е делумно точно. Според неодамнашната спроведена анкета жените се заљубуваат во скромни момци, но тие треба да имаат одредени карактеристики коишто не се поврзани со материјалната страна на мажот.
Било спроведено одредено истражување на оваа тема, а одредени љубезни девојки решиле да дадат одговори на анкетата. Според одговорите на мнозинството бил донесен заклучок дека милионерите и не баш проаѓаат секаде. Момци ова се карактеристиките коишто треба да ги имате за да го освоите срцето на девојката којашто ви се допаѓа.
1. Физички изглед
На прво место се најде физичкиот изглед на партнерот. Мнозинството од девојките изјавиле дека доколку нивниот партнер не е атрактивен, тие нема да чувствуваат задоволство поради парите на партнерот. Мажот мора да знае да се облекува, да има свој стил и да биде уреден. Секако добредојдени се и силните и развиени раменици како и големите раце, во кои секоја жена би се почувствувала сигурно.


2. Смисла за хумор
Девојките не сакаат здодевни момци, туку бараат некој којшто ќе знае да ги насмее и да ги орасположи. Затоа оние коишто имаат добра симсла за хумор проаѓаат онаму кадешто милионерите не можат.
3. Романтичност
Девојките исто така бараат маж којшто ќе направи сè за тие да се чувствуваат посебно и посакувано. За девојките идеален маж е оној којшто ќе знае да ја демонстрира својата љубов. Затоа подобро проаѓаат мажите коишто не се срамат да изговорат “Те сакам“ по неколку пати во денот.


4. Секс мајстори
Жените сигурно нема да признаат, но на нив навистина им е важно каков е мажот во креветот. Една од испитаничките рекла “Парите не можат да ме задоволат во кревет“. Доколку сте маж којшто сака своите таленти да ги покажува под прекривката, тогаш со сигурност ќе бидете успешни кај жените.
5. Разбирање
Жените испитанички изјавиле дека од мажот очекуваат целосна подршка и разбирање и дека тоа е целосната суштина на успешна и долга врска. Мажите коишто ги разбираат и решаваат проблемите на девојките набрзо се претвораат во совршени мажи и херои во нивните очи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.