четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве што најавува УХМР за велигденските празници, особено подгответе се за во недела!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови ќе има локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).
Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 степен. Во Скопје утре утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 21 степен.
Услови за локален дожд ќе има и во сабота претпладне.
Температурата во следните денови ќе биде во значителен пораст, особено од недела, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.

Поврзани вести