четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве што се случува со постелнината ако не ја менувате еднаш неделно

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од клучните бјути совети до кои мора да се придржувате, дефинитивно е менувањето на постелнина, барем еднаш неделно.
Овде не е во прашање само убавината, туку личната хигиена, и здравјето пред сè. Креветот треба да е сигурно и чисто место, во кое целосно ќе се опуштите, а валканите чаршави го расипуваат тоа.
Но, веруваме дека сè уште постојат такви кои не се придржуваат до ова правило, најчесто поради мрзеливост, а предупредувањето на професорот по микробиологија и патологија, Филип Тиерно, од Њујорк, конечно би можело да ве натера да ја усвоите навиката на менување постелнина еднаш неделно, бидејќи последиците се следниве:
„На постелнината, преку целата недела се собира голема количина на честички од нечистотија и човечка кожа. Таа нечистотија е вистинска „храна“ за паразитите, чиј измет може да предизвика опасни алергиски реакции“, објаснил професорот за порталот „Vice“.


Исто така, валканите чаршави се вистинско легло за габични спори, прашина, па дури и делови од тело на инсекти, а сето тоа може да предизвика иритација на кожата, кивање, чешање на очите и бројни други негативни реакции во телото.
Одвратноста тука не завршува. Некои бактерии, како златната стафилокока, можат да го преживеат и перењето, ако чаршавите не се перат на доволно висока температура. Иако оваа бактерија живее и во човечката кожа, ако навлезе во крвта, во некои случаеви може да биде дури и кобна, предуредил професорот.
Затоа, можеме да заклучиме дека редовното перење на чаршавите не ја чува само вашата убавина, туку и вашиот живот.

Поврзани вести