Европските берзи пораснаа, се очекува помош за Кипар

 Европските акции зајакнаа во средата со оглед дека инвеститорите проценуваат дека финансиската криза на Кипар нема да се прошири на остатокот на еврозоната и дека монетарната политика и натаму ќе пружа поддршка на акциите.Лондонски FTSE порасна за 0,2 отсто на 6.454 поени, франкфуртски DAX се зголеми за 0,79 отсто на 8.010 поени, париски CAC беше во плус 1,1 отсто и изнесуваше 3.817 поени.Европската централна банка го отстрани ризикот од скор крах на кипарските банки, порачувајќи дека е подготвена во одредени граници да обезбеди ликвидност за Кипар, што го подобри расположението на берзите.Кипар воедно настојува да издејствува помош од Русија, откако кипарскиот парламент го отфрли предлогот за оданочување на банкарското штедење како услов за добивање на 10 милијарди евра помош од Европската унија.Грчките медиуми објавија денеска дека кипарскиот министер за финансии договорил продажба на Cyprus Popular Banka, што ги крена цените на европските берзи на акции, но владата во Никозија во меѓувреме ја демантираше веста.Трговците сметаат дека со оглед  на ограничените потреби за финансирање Кипар на крајот ќе постигне договор со меѓународните кредитодаватели со што ќе се отстрани опасноста од прелевање на кризата на другите држави од еврозоната.Берзите во голема мера ги поттикна и програмата за купување на обврзници кои ги спроведуваат американски Фед и Европската централна банка.Се очекува Фед денеска по завршувањето на дводневниот состанок да објави дали планира да ја заврши програмата за јакнење на ликвидноста, а трговците потсетуваат дека токму таквата монетарна политика е главна причина поради која инвеститорите се уште се подготвени да купуваат акции.„Многу инвеститори кои испуштија можност со растот на цените од почетокот на годината чекаа благ пад на цените“, толкува Мухамед Чукеир од компанијата Kleinwort Benson, кој очекува инвеститорите сега да искажан зголемен апетит за ризик.Европските банки денеска зајакнаа во просек за 0,5 отсто, откако на почетокот на неделата беа најголеми губитници.Рони Шопра, извршен стратег во компанијата TradeNeht, предупреди дека расположението би можело да се смени, ако вестите од Кипар сигнализираат дека малата островска држава се движи кон банкрот.
Макфакс Европските акции зајакнаа во средата со оглед дека инвеститорите проценуваат дека финансиската криз

Пронајдете не на следниве мрежи: