Еврото зајакна откако беше претставена новата влада на Италија

Курсот на еврото на меѓународните девизни пазари во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар благодарејќи на формирањето на новата влада на Италија за чија доверба ќе се гласа подоцна во 15 часот, но поголемите добивки му се ограничени поради очекувањата за намалување на каматните стапки во еврозоната.

 Еврото во таква атмосфера зајакна за 0,5отсто во однос на американскиот долар, на 1,3095 долари. Истовремено, доларот ослаби и во однос на јапонскиот јен, и тоа за околу 0,3 проценти, па со него се тргуваше по 97,75 јени. Со дополнително се оддалечи од највисокото ниво во последните четири години од 99,95 јени, на кое се искачи претходно во април.
Поддршка на еврото му понуди и поголемата побарувачка на обврзници од презадолжените земји членки на еврозоната откако политичкиот ќорсокак во Италија е надминат со доаѓањето на чело на новата коалициска влада на еден од челниците на левиот блок Енрико Лета, но ја има поддршката и десниот блок.
„Инвеститорите настојуваат да постигнат меѓу два ризика: натамошното намалување на разликите меѓу каматите на обврзниците периферните земји во еврозоната, што е позитивно за еврото, како и можностите за натамошното намалување на каматните стапки во еврозоната, што според досегашните искуства се покажа негативно за еврото”, вели за Reuters Валентин Маринов, челник на одделот за анализа на валутите во групата Г10 во „City”.
Пазарите одамнa очекуваат дека Европската централна банкa (ECB) во четврток на заседанието на нејзините челници ќе ги намали каматните стапки на 0,5 отсто, од моменталните 0,75 отсто.
Американскиот долар ослаби и во однос на другите валути, бидејќи инвеститорите ја намалија изложеноста на САД откако минатонеделните податоци за американскиот бруто домашен производ (БДП) покажаа послаб рас во првиот квартал од годинава отколку што се очекуваше.
Во потрага за новите насоки, инвеститорите оттаму внимателно ќе го следат редовното месечно заседание на американската централна банка Federal Reserve – Fed, кое започнува во вторник. Особено внимание ќе посветата и на најновиот извештај за вработеноста во САД, чиешто објавување се очекува во петок.
Макфакс
Курсот на еврото на меѓународните девизни пазари во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар благодарејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: