Еврото падна спрема доларот пред гласањето за данокот во Кипар

Еврото на меѓународните девизни пазари во вторникот продолжи да слабее во однос на американскиот долар, додека инвеститорите нервозно го очекуваа гласањето во кипарскиот парламент за контроверзниот данок кој повторно ги поттикна стравувањата од нестабилноста на еврозоната.

 Така еврото падна во однос на американскиот долар за 0,14, отсто, на 1,2937 долари, што е во близина на неговото најниско ниво во последните три месеца од 1,2882 долари, ка коешто се спушти во понеделникот.
Единствената европска валута ослабе и во однос на швајцарскиот франк, и тоа за 0,3 отсто, на 1,2214 франка.
Истовремено, еврото се задржа во близина најниското ниво во однос на британската фунта во последните пет седмици од 85,32 пени, на кое се спушти во понеделникот. Со еврото во вторникот се тргуваше по 85,64 пени.
Американскиот долар во однос на јапонскиот јен беше во позитива од 0,13 отсто, па со него се тргуваше по 95,32 јени.
Портпаролот на кипарската влада изјави дека планот за оданочување на банкарските влогови, кој е клучен за земјата да го добие пакетот меѓународна финансиска помош во износ од 10 милијарди евра усогласен меѓу претставниците на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, веројатно до крајот на вторникот нема да биде изгласан во парламентот.
Отфрлањето на ваквата мерка би ја фрлило најмалата членка на Европската унија поблиску до банкротот и до колапс на нејзиниот банкарски системи што сигурно ќе има негативни последици врз целата 17-члена зона на употреба на единствената европска валута. Воедно тоа би можело да внесе дополнителна нова нервоза на финансиските пазар и да го притисне еврото, сметаат аналитичарите.
„Неизвесните прогнози за Кипар вклучуваат и можност од домино ефект за членките на еврозоната, што би требало да даде притисоци врз единствената валута во блиска иднина”, вели за Reuters Џос Манимбо, виш пазарен стратег во компанијата „Western Union Business Solutions”.
Еврото во вторникот кус период доби поддршка од најновиот индекс на довербата на инвеститорите во Германија. Соодветниот индекс на германскиот институт ZEW покажа дела довербата на инвеститорите во најголемата европска економија се стабилизирала во март.
Од друга страна, новите вести од американската економија, вклучувајќи ги и податоците од градежниот сектор, му дадоа поддршка на доларот во однос на јенот.
Makфакс
Еврото на меѓународните девизни пазари во вторникот продолжи да слабее во однос на американскиот долар, додека инвести

Пронајдете не на следниве мрежи: