Рецепт за ровки и меки браунис.
Потребни стостојки:
120 г путер
180 г шеќер
2 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
60 г брашно
50 г какао
прстофат сол
Подготовка:
Во мало тенџере на оган растопете го путерот и шеќерот заедно. Тргнете од оган и додајте ги јајцата, ванилиниот шеќер и добро промешајте. Додајте го брашното и какаото и прстофат сол.
Добро промешајте и префрлете ја смесата во помало тавче обложено со хартија за печење
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Оставете да се изладат околу 15 минути и пресечете на коцки.
Добар апетит!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.