ЕВE КАКО БОКИ 13 ГИ ПОМИНУВА ПРАЗНИЦИТЕ ОТКАКО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР! Помина низ АГОНИЈА

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски , попознат како Боки 13, неодамна излезе од затворот „Идризово“ каде помина четири години.

Иако ретко се огласува на социјалните мрежи, поранешниот водител откри како ја поминал Новата година.

Тој позираше во својот стан, покрај накитена елка, а во рацете држеше перница со Дедо Мраз.

Домот е најскапоценото место на светот,Среќна Нова 2024 !!!Во Новата 2024 ќе ви посакам бесконечна среќа и здравје, многу радости и благосостојба. И верувајте, и верувајте, и силнооо верувајтее и никогаш не се откажувајте од своите цели ма колку и да е тешко и невозможно. Силната верба, искрената желба и позитивната мисла помагаат !Да сте ми живи и здрави,Happy New Year – напиша Боки.

View this post on Instagram A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Инаку, Боки 13 неодамна откри дека неговото здравје е загрозено, бидејќи изгубил 90 отсто од стомакот и сега учи да живее со него, а терапијата секогаш мора да ја носи со себе. Боки 13 истакна дека секоја компликација може да му го загрози животот.

– Мојата здравствена состојба, од ден на ден, со било каква компликација може да биде опасна по живот. Ми беше дијагностицирана „цревна метаплазија“ на желудникот и дел од тенкото црево, над 90 проценти ми беше отстранет. Тажно е што моето здравје стана тема на разговор низ целата земја. Човек на кој му извадија повеќе од 90 проценти од стомакот, направи субтотална гастректомија поради присуство на повеќе од осум чирови – цревна метаплазија, што значи преканцерозна состојба – рече шоуменот и продолжи: – Во моментов повторно имам чир и неколку варикозитети (крварење од желудникот, пр. авто) кои се опасни по живот. Со ваквата здравствена состојба не можев да бидам во затвор каде што ја издржував казната на која законски бев осуден и затоа бев пуштен на домашно лекување. Носам цела терапија со себе за да функционирам, покрај тоа што имам сериозна диета, која бара особено храна за да функционира“, изјави Боки 13 за „skopje1.mk“.

Да потсетиме, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи наводно уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: