Еден загинат во сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Возач на камион загина во сообраќајна несреќа што попладнето се случи на патот Прилеп – Градско. Според првичните информации од полицијата, камионот излетал од патот.

Сообраќајката била пријавена околу 17:30 часот по што сообраќајот беше во целосен прекин, а подоцна Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

– Денеска (26.06.2026) во 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на село Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало, стои во информацијата од СВР Битола. 
The post Еден загинат во сообраќајка на патот Прилеп-Градско appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: