Еден загинат и тројца тешко повредени викендов во Скопје

Едно лице загина, а три се потешко повредени во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле во Скопје. Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници. Од сообраќај се исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила. За непрописно паркирање се издадени 151 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.
Казнети се 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 14 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум за неправилно престројување, 10 за неправилно престигнување, девет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.