Железото е еден од најважните нутриенти во вашата прехрана затоа што помага различните протеини да пратат кислород во вашето тело, а неговиот недостаток може да доведе до различни здравствени тешкотии.
Иако важен во нашиот организам, недостатокот на железо е најчест недостаток на микронутриент во целито свет, а симптомите кои најчесто ги воочуваме се умор и промена на кожата. Меѓутоа, постојат уште некои необични симптоми кои укажуваат на негов недостаток.
Имате невообичаена потреба за работи кои не се храна
Научниците сè уште се обидуваат да откријат зошто луѓето со тежок недостаток на железо често тежнеат за непрехранбени артикли како што се земја, глина, пченкарен скроб, парчиња боја, картон и средства за чистење. Вообичаено оваа појава се јавува кај малите деца или бремени жени, но студиите покажуваат дека овој симптом можат да го доживеат и постарите, повозрасни лица.
Ноктите ви се кршливи или имате вдлабнатини
Ноктите можат многу да кажат за вашето здравје. Слабите и кршливи нокти укажуваат на проблем со железото. Поради тоа што таквите нокти можат да бидат пример и за некој друг проблем, најдобро би било да направите крвна слика за анемија предизвикана од недостаток на железо за да се уверите за што точно станува збор.
Суви и испукани усни
Луѓето со недостаток на железо можат да имаат одреден вид на пукање на усните кој се нарекува ангуларен хеилитис. Тие напукнати агли го отежнуваат секојдневното комуницирање и јадење. Во тие случаи треба да го лекувате темелниот недостаток на железо за да не се враќа тој проблем.
Јазикот ви е невообичаено отечен
Уште еден очигледен симптом е недостаток на железо и отекување и чувствителност на јазикот. Тој ќе се прошири до таа мера што вообичаените нерамнини на неговата површина ќе исчезнат правејќи го мазен. Отокот може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или говорот.