Еден од основачите на Apple: Каде е мојот флексибилен телефон?

Иако тоа е голема желба на Вознијак, сепак Apple се чини дека нема во догледно време да претстави флексибилен телефон на преклопување.
Откако Samsung и Huawei ги претставија своите први флексибилни телефони и така започнаа една нова ера кога станува збор за паметните телефони, сега сите очи се вперени во нивниот најголем конкурент – Apple.
Иако од Apple со претставувањето на iPhone ја започнаа ерата на паметните телефони, во последните неколку години се чини како американската компанија и да започна да заостанува зад конкурентите.
Тоа помалку го загрижува ко-основачот на Apple, Стив Вознијак кој во разговор за Bloomberg беше многу директен.


„Apple беше лидер долго време на подрачја како што се препознавање на отпечатоците на прсти, препознавање на лица и мобилно плаќање, но сега не е лидер кога станува збор за флексибилните телефони. А, тоа ме загрижува затоа што јас навистина сакам флексибилен телефон“, изјави Вознијак и призна дека тоа е една од новите технологии кои што најмногу го интересираат.
Сепак, според досегашните информации, нема најава дека компанијата од Купертино наскоро би можела да развие и да претстави флексибилен паметен телефон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.