Еден од повредените излезе од болница: Жителите ми го спасија животот

Имав повреди на главата и низ целото тело, меѓутоа немав внатрешно крварење. Бев свесен цело време, рече првиот пациент кој даде изјава, Абдулбахри Исмаили.
Тој не сакаше многу да зборува за случувањето на несреќата поради многуте жртви, само кажа дека седел напред во третиот ред и сѐ се случи многу брзо.
Рече дека само што бил извлечен од автобусот добил повици на телефонот.
„Бев седнат напред во третиот ред и не сакам да зборувам за случувањето, затоа што имаше многу жртви. Многу брзо се случи се, кога ме извадија откако веќе автобусот беше долу ми се јавија по телефон, да ме прашаат како сум. Ми беше чудно што дека се случи несреќа брзо дознале. Не бев свесен во тој момент, од тешките удари и луѓето наоколу. Мене жителите ми го спасија животот, тие ми помогнаа, рече Исмаили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.