Еден поразличен појадок: Овесна каша со тиквички и поширани јајца

Ако секој ден го имате истиот појадок, време е да експериментирате и да пробате нешто поразлично.
Еден поразличен појадок: Овесна каша со тиквички и поширани јајца
Потребни состојки:
1 мала тиквичка или половина од една голема
1 млад кромид
3 до 4 лажици овесни снегулки
180 милилитри вода
1 јајце
сланина (по избор)
сол, оригано и зачини по избор
маслиново масло
свеж магдонос


Начин на подготовка:
Излупете ја тиквата, изрендајте ја и исцедете ја. Потоа исечкајте го кромидот во тиквичките и пржете многу малку во маслиново масло. Ако сакате, додадете и сланина. Додадете зачини по избор.
Потоа додадете ги овесните снегулки и убаво измешајте ги со тиквичките и гответе околу 30 секунди на тивок оган.
Во друг сад зовријте ја водата, а јајцете го претходно сте го ставиле во еден сад, сега ставете го во водата, а потоа нежно извадете го.
Кога овесната каша ќе стане кремаста таа ќе биде готова. Додадете го јајцете одозгора, украсете со магдонос и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.