Секако дека правевме биолошки експерименти и на деца, зашто најверојатно нивните татковци беа шпиони. И секако дека такви експерименти ќе се случуваат и во иднина, затоа што кога си во војна мора да победиш! (анонимен учесник-сведок во нехуманите експерименти во Единицата 731)
Единицата 731 е формирана во средината на триесетите години од минатиот век во Харбин во окупиран дел од северо-источна Кина, практично кога започнува и јапонската програма за развој на билошко оружје, чија употреба била забранета со Женевската Конвенција од 1925 година. Тоа бил истражувачки центар во кој се спроведувале смртоносни експерименти на луѓе, заробеници од Кина, Кореја и СССР. Се проценува дека во тие експерименти се убиени најмалку 3000 луѓе. Тоа не бил единствениот таков јапонски центар за експерименти, имало уште десетина како оној на островот Минданао на Филипините, но Единицата 731, бил убедливо најтајниот, а подоцна и најозлогласениот, според видот, размерот, начинот и нечовечноста со која се спроведувале експериментите. Јапонија постоењето на тој истражувачки центар првпат го објавила кон крајот на деведесетите од минатиот век, но одбила да ги обелодени активностите кои се одвивале во него. Дури пред пар години, Јапонија конечно ги открива имињата на сите членови на Единицата 731, офицери, раководители, медицински истражувачи, епидемиолози и друг медицински кадар кои работеле на развивање на хемиско, но пред се биолошко оружје кое го тестирале на воени заробеници.
Во него биле намерно заразувани со вируси на колера, тифус, антракс, чума, а потоа следени се штетите од заразата во инфицираните, откако биле вивисецирани без анестезија, со цел да се намали ризикот анестезијата да влијае на тие последици од болеста. Идејата била, како следен чекор да се направи бомба со разни опасни патогени која би се фрлила на непријателска територија, како што е направено во неколку наврати во некои кинески провинции. Последиците биле разорни, особено кога градот Нингбо бил бомбардиран со болви заразени од чума. За време на воениот виор, преку 200.000 Кинези загинале во овие биолошки напади и експерименти.
Експериментите врз луѓе не завршувале на тоа. Заробениците во Единицата 731 биле подложувани и на екстремни околности на студ, за потоа на нив да се тестираат протоколи за опоравување или третирање на смрзнатини. Ги ставале и во комори под висок притисок, се додека очите не им излегувале од очните дупки, за да ја тестираат човековата издржливост на висок притисок. Ампутирани им се на живо раце и нозе, вадени внатрешни органи и вршени разни трансплантации и калемења на екстремитети и органи.
Со оглед на тоа што поразот на Јапонија веќе се надѕирал, во летото 1945 година, шефот на постројката генералот Широ Ишии им забранил на сите вработени да зборуваат за нивната работа и наредил постројката и штабот да се уништат на денот на капитулацијата на Јапонија. По капитулацијата, се открива дека Јапонците имале во план со помош на камикази да ја инфицираат Калифорнија со чума на 22 септември 1945. Операцијата била смислена во Единицата 731 и го имала кодното име Црешовите цветови ноќе. Атомскиот напад на Хирошима и Нагасаки како и капитулацијата на Јапонија во август истата година спречиле да дојде до реализацијата на таа операција.
Тука доаѓаме до делот кој непријатно реферира на сегашноста и она ни што се случува. Пандемијата од КОВИД 19. И покрај сознанието дека Јапонија сакала да ја нападне Калифорнија со вирус на бубонска чума, напад кој е планиран во Едницата 731, САД тајно им дава имунитет од кривичен прогон на научниците, докторите и нивните претпоставени во тој истражувачки центар за биолошко оружје, но за возврат побарале пристап до тајниот архив на нивните истражувања и добиените резултати од нив. Си пружиле рака. Така, многу од поранешните научници од Единицата 731, по војната, успешно продолжиле со своите кариери во медицината или бизнисот. Многу од најблиските соработници на генералот Ишии со години биле на највисоките раководни позиции на важни државни институции во повоена Јапонија, а генералот Ишии живеел слободно и комфорно до неговата природна смрт во 1959 година.
Но, излегло на виделина и нешто друго. Дека не само што САД им помогнале на Јапонците да го прикријат овој таен садистички проект речиси пет децении, не само што не ги извеле пред лицето на правдата неговите творци и истражувачи, туку САД на тие луѓе им доделувале и стипендии за усовршување на најпрестижните универзитети и научни институти во светот, а потоа некои од нив ги вработувале во своите лаборатории и институти за развој на биолошко оружје во САД и ширум светот, кои претежно работеле под директна команда и мониторинг на ЦИА.
Во американскиот центар за биолошка војна како Форт Дитрих, со децении биле развивани опасни вируси и патогени, кои потоа биле намерно пуштени од епрувета на одредени воени жаришта на разни континенти во светот за да се истражат девастирачките ефекти од заразата на локалното население. (Сетете се само на приказната во филмот Outbreak кога еден смртоносен вирус пуштен некаде во Африка, случајно се пренесува и во САД. Слична приказна имаме и во филмот Contagious на Содерберг и многу други. Целта не ми е филмовиве да ги посочам како доказен материјал на тврдењето, туку само да укажам на сценаријата кои и тоа како се возможни, особено кога ги филмува Холивуд кој важи за продолжена пропагандна рака на американскиот воено-индустриски комплекс и центрите на политичка моќ. Што се однесува до Холивуд, ништо не е случајно и фантастично, дури и кога тоа изгледа така). Во Форт Дитрих, во британскиот Портон Даун и во десетици други центри за развој на биолошко оружје биле ангажирани лица кои партиципирале не само во злогласните експерименти на Единицата 731, туку и во оние спроведени во слични центри во нацистичка Германија под водство на шефот на Ес-Ес, Хајнрих Химлер и еден од најозлогласените негови научници, докторот Јозеф Менгеле, кој по Втората Светска Војна исто мистериозно исчезнува и никогаш не одговарал за делата против човештвото, а обемна документација од неговите експерименти завршила во рацете на САД и Велика Британија.
Вирусите се врв на природната еволуција. Продирајќи во клетката на туѓо тело, ја заменува нејзината содржина со своја и таа станала фабрика за нови вируси. Фактички, вирусот ја натерал клетката на домаќинот да работи за него, како нов газда. Во овие центри за развој на биолошкото оружје, мутирани се многу веќе постоечки вируси, како арбо вируси, рабдо вируси, вируси на антракс, чума, жолта треска, САРС и други респираторни вируси, разни вируси на големи сипаница, плазмодиум. Тоа значи, на прв поглед, гледани под микроскоп морфогенезата и структурата на вирусите биле верни на оригиналот, ама во некоја ситница и не биле. Мутираните често биле со појака заштита. Да кажеме, од една развиле две заштитни мембрани. Или, преку ноќ, одреден вирус станал Мајк Тајсон. Да не можеш лесно да го нокаутираш.
Еве сме и во јадрото на оваа приказна. Денешната пандемија од КОВИД 19 е само мал тест, губење невиност во овој вид глобално војување. Пуштање на Духот од аладиновата ламба за да се испитаат границите за јонизација и рекомбинирање на ДНК на центрите за финансиска и политичка моќ. Светот пред нас, ќе биде свет на пандемии и најверојатно поприште на уште една голема светска војна, чиј формат тешко е да се предвиди, но земајќи ја во предвид денешната технологија со моќ рамна на онаа на боговите на Олимп, можно е на крајот на овој век да се разбудиме во еден дистописки свет налик на оној во филмот Лудиот Макс или Warriors, опустошен свет на банди и подземни остатоци на побеснети луѓе во френетична борба за опстанок, деволуирани и вратени во малку надградена верзија на каменото време.
Патот до таа неславна иднина пред нас, ќе води преку еден обид за стопроцентна глобална контрола на популацијата, изнаоѓање нови технологии за биометриско надгледување на луѓето, пришто, собирањето на податоци за нашата физиолошка состојба на организмот, крвниот притисок температурата, пулсот, дишењето, ќе им дава предност на оние што следат и надгледуваат, да знаат многу повеќе за нас, од нас самите. Преку тие биометриски податоци, ќе дознаваат што е тоа што не возбудува, плаши или нервира. Што одобруваме, а на што се противиме. Поедноставено, постојано ќе бидеме приклучени на еден глобален детектор за лаги кој ќе ги следи сите реакции на нашиот организам, физички, биометриски и хемиски. И што е најинтересно, тој нов третман кон нас, ќе го прифатиме како нешто најнормално и корисно за нас, зашто низ оваа пандемија покажавме колку сме лесно подложни на контрола и пропаганда. Во принцип човекот многу лесно се контролира кога ќе го убедиш дека му е животот во опасност. Во тој случај можеш да му продадеш се под маската дека тоа што му го продаваш е за негово добро и дека во тебе треба да гледа како на единствен спасител.
Оттука, постојат сериозни индикации дека светот по пандемијава ќе стане лудница каква што никогаш претходно не бил. Само не смее да се заборави дека и со таа лудница ќе мора некој да управува. Дури кога ќе се повлече морето, ќе се види кој останал без гаќи.
Автор: Сашо Тасевски, ексклузивно за пулс24
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.