Единствениот рецепт за палачинки кој ќе ви треба – Совршени се!

Палачинки – кој не ги сака! Сепак, за да се направи совршена смеса за палачинки ви треба кулинарска „магија“. Често се „гумени“, дебели, жилави, непечени… и не се баш по ваш мерак.
Но, без грижи. Постои рецепт кој никогаш нема да ве разочара. Имајте го секогаш при рака, навистина се совршени.
Состојки:
200 гр брашно, (меко, тип 400)
2 јајца
1 лажица масло
прашок за пециво или минерална вода
300 мл млеко лажичка сол и шеќер


Подготовка:
Земете подлабок сад и истурете го брашното во него – ако имате минерална вода, не ви треба прашок за пециво. Ако немате „кисела вода“ препорачуваме да ги измешате брашното и прашок за пециво заедно во садот.
Во средина на брашното направете дупка и искршете ги двете јајца во неа (ако имате време можете прво да ги изматите белките, па потоа да ги соедините со смесата, така палачинките ќе бидат помалку жилави).
Прво додадете го млекото и матете со миксер на најмала брзина. Минералната вода додадете ја сега и матете полека, во тестото да не останат грутчиња, туку тоа да биде мазно. Додавајте вода додека тестото не стане ретко, како чорба. Во изматеното тесто додадете го маслото, а потоа и солта и шеќерот, па измешајте со лажица.


Тестото оставете го во фрижидер, најмалку половина час. Што подолго стои, толку ќе биде помеко.
Во тефлон тава на огин налејте масло. Температурата на која ќе ги печете палачинките не треба да биде висока. Откако ќе се загрее маслото, налејте го во шоља, од каде со четкичка подоцна ќе ја мачкате тавата кога ќе затреба, но не пред секоја палачинка.
Ги печете околу минута на секоја страна. Готовите палачинки ги филувате по желба. Солени, слатки, не е важно. Важно е дека се совршени.
Пријатен вкус и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.