Еднаш, два пати неделно или почесто?: Колку секс имаат луѓето во дваесеттите години, а колку во триесеттите, четириесеттите…

Дали е всушност премалку да спиете еднаш неделно со вашиот партнер? Тоа конкретно не може да се каже бидејќи секоја врска е индивидуална, а ниту либидото не е исто кај секој човек.
Затоа, не постојат утврдени правила колку често треба да практикувате секс. Но, научниците од институтот Кинси објавиле интересно истражување кое покажува колку е просечната зачестеност на сексот во различни годишни групи.


Според студијата, лицата помеѓу 18 и 29 години најчесто имаат секс, во просек по 112 пати годишно (тоа е отприлика два пати неделно). На второ место се лицата на возраст од 30-39 години кои имаат секс 86 пати годишно. По нив, следуваат лицата во доба од 40-49 години – тие уживаат во сексот 69 пати годишно.
Зошто зачестеноста на сексот опаѓа со текот на годините?
Јасно е дека со стареењето доаѓаат и телесните потешкотии како проблеми со менопауза, умор итн. Освен тоа, апсолутно е нормално дека по 20 години брак, сопружниците “не скокаат во прегратки” секој втор ден, особено доколку имаат и деца – тогаш едноставно сексот повеќе не е во прв план.
Но, од друга страна, истражувањата велат дека нередовниот секс не значи и лош секс – напротив, жените изјавиле дека дури во средните триесетти години го доживеале најдобриот оргазам во нивниот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.