Една масовна тепачка ја одбележа новогодишната ноќ во Охрид

Масовна тепачка утрово се случила пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид во која учествувале седум лица. Освен ова нарушување на јавниот ред и мир кое се случило во 04:30 часот, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оцени дека новогодишната ноќ поминала генерално мирно на цело подрачје на овој сектор за внатрешни работи.
-По преземени мерки констатаирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(18) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.И.Л. (18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна, сите од Охрид. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош. Лицата се приведени во Полициска станица и поднесени се соодветни поднесоци, изјави Димоски, истакнувајќи дека не се случила ниту една сообраќајна незгода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.