Процесот на правење вкусен ликер од јагоди не е комплициран. Ве советуваме само да изберете зрели црвени и цврсти градинарски или шумски јагоди.
И додека кај нас не се прави толку често како некои други ликери, како тој од ореви или вишни, ликерот од јагоди има посебна, пријатна и неодолива арома.
За подготовка на ликер од јагоди важно е да изберете добра сорта. Се користат две најосновни сорти: шумски и градинарски јагоди.
Јагодите за ликер треба да се берат пред целосно да созреат, а тоа е кога ¼ од плодот е сè уште зелен, а остатокот црвен. Бербата започнува кон крајот на мај и трае цел јуни, а кај некои сорти и до почетокот на јули.
Препорачливо е да ги берете додека времето е суво, така што плодот внимателно ќе го скинете заедно со дршката. На овој начин помалку ќе се оштети и плодот и самата билка.
Доколку нивната преработка не е во краток рок, чувајте ги јагодите на температура од -5 до 0 степени. На овој начин им се продолжува рокот на траење, па можат да се чуваат и до 30 дена.
Ако купувате јагоди, внимавајте да не купите презрели и оштетени плодови.
Рецепт за ликер од јагоди
Овој рецепт за класичен ликер од само 4 состојки ќе резултира со 1,5 литри вкусен напиток.
- 500 гр. јагоди
- 500 мл. вода
- 400 гр. шеќер
- 500 мл. домашна ракија
Начин на подготовка:
- Јагодите добро измијте ги, па исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во тегла
- Наредете ред јагоди, ред шеќер и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите јагодите
- На крајот сите состојки прелијте ги со ракија
- Затворете ја теглата и оставете ја на сончево место
- Смесата повремено протресувајте ја и оставете да отстои 3 недели
- По 3 недели, ставете го шеќерот во 500 мл. вода во еден сад, а потоа оставете да зоврие
- Откако ќе се олади, додајте го во смесата со јагодите и добро промешајте
- Оставете да отстои најмалку 3 месеци пред консумација