Едноставен трик за враќање на свежината на стар леб

Експериментите со храна се одлични особено кога ни откриваат начини како да ја „вратиме во живот“ храната која инаку би завршила во ѓубре. Со лебот често се случува да ви остане парче и по неколку дена, па исушено да го фрлите. Но со овој трик веќе не мора тоа да го правите.

Едноставен трик за враќање на свежината на стар леб

Натопете го лебот со вода

Иако е малку одвратно (кој сака воден леб?) не се обесхрабрувајте, бидејќи тоа е првиот чекор. Ставете го под млаз вода и почекајте додека се натопи кората. Секако внимавајте да не стане премногу воден.

Испечете го

Ставете го во рерна загреана на 150-160 степени и печетее 6-12 минут, зависно колку е воден лебот.
И тоа е сè. Овој трик дејствува бидејќи водата се претвора во пареа, се рехидрира внатрешноста на лебот и станува мека, а топлината од рерната овозможува да добиете крцкава коричка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.