Едноставен трик на Гордон Ремзи – како секојпат совршено да ги сварите вашите тестенини?

Гордон Ремзи откил трик кој што мора да го знаете кога станува збор за готвење тестенини. Станува збор за серија видеа во кои што тој открива 100 основни трикови кои што мора да ги знаете кога влегувате во кујна и кога ќе одлучите да приготвите нешто за јадење.
Иако тестенините се популарни насекаде низ светот, поголемиот дел од луѓето ги подготвуваат така што во одреден дел од варењето на истите, вадат едно парче од нив за да проверат дали се готови.
Но, популарниот готвач има друга метода.
„Тестенините се евтино јадење кое што секогаш треба да го имате во вашата кујна, но лесно е да ги сварите недоволно или пак да ги преварите. Еве како треба да ги варите“ – започнал тој.
Прво ставил вода во поголемо тенџере, за да биде сигурен дека има доволно место за сите шпагети рамномерно да се варат, пред во водата да стави прстофат сол и да стави доволна количина масло за јадење, за тестенините да не се залепат за тенџерето.

Тој потоа додал, дека мора да причекаме водата да зоврие, а потоа да ги ставиме тестенините во тенџерето.
Доколку варите подолги тестенини, на пример шпагети, Ремзи советува едниот крај од истите да го ставите во тенџерето, да почекате да омекнат и да го потопите и останатиот крај од нив за заедно да се сварат.
Вклучете тајмер и наместете го на време на кое што го пишува на самото пакетче од тестенините, а кога тоа ќе помине проверете со прстите дали тестенините се сварени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.